На што прво помислувате кога ќе се спомне Мексико? Текила, секако.

Верувале или не, освен што е симбол на оваа држава текилата е најбогатиот извозен производ на Мексико, од која заработува 1,3 милијарди долари годишно.
Не само што профитира од текилата туку и многу туристи ја посетуваат оваа земја најмногу поради текилата, па така УНЕСКО ги стави полињата со агава на листата на светски наследства.
Се продава во 190 земји, а секако туристичка атракција е самото нејзино производство кое туристите сакаат да го посетат.