280
Двајца возачи биле фатени со многу повеќе алкохол во крвта од дозволеното, информираат од полицијата.
Синоќа во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 9 во Битола, 4 во Прилеп и по два во Ресен , Македонски Брод и Крушево.
Според информациите на Битолската полиција, кај еден возач биле регистрирани 2,58 промили, додека друг возач имал 2,11 промили алкохол.
При контролата биле откриени 12 останати прекршоци.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, порачаа од МВР.