„PlayStation 5“ пристигнува во ноември: Колку пари ќе треба да одвоите за новата конзола?

од Nikola Popovski
518 прегледи

Јапонската компанија „Сони“ објави дека ќе ја лансира следната генерација на конзоли за видео игри „PlayStation 5“ во ноември.

Јапонската компанија објавила дека новата генерација на конзолата ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск-драјв и 399,99 долари без драјв, објави Ројтерс.

Новата конзола ќе се појави на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на 12 ноември, додека ќе биде достапна во другите делови на светот седум дена подоцна – на 19 ноември.

„Сони“ ќе се приклучи на трендот на „покачување“ на цените, бидејќи наведе дека игрите за PS5 ќе чинат 70 долари наместо досегашните 60.

Слични содржини