Првата независна држава на светот која плови ќе се појави во Тихиот океан во 2022. година, нема да биде под ничија јурисдикција и ќе има своја криптовалута – вајрон.

Оваа островска држава ќе има 300 куќи, неколку хотели, ресторани, канцелариски простор и уште многу содржини кои ќе бидат изградени на Тахити.
Оваа пилот програма настанала во партнерство со владата на Полинезија, а со 50 милиони долари финансиски ја поддржува основачот на “PayPal”, Питер Тил.
https://www.youtube.com/watch?v=9XHEb5Xzp9Y
Сите градби имаат зелени кровови, прекриени со вегетација, а во изградбата ќе се користи бамбус, дрво, рециклиран метал и пластика.
Идејата за создавање на независна нација која плови во меѓународните води и има свои закони, е “да го ослободи човештвото од политичарите”, велат од Институтот Систединг, чиј соосновач исто така е претходно споменатиот Тил.
Натали Мека Гарсија, која работи на овој проект, вели дека жителите на овој град-држава ќе бидат слободни од променливите геополитички влијанија и трговски прашања, а тврди дека на ваков остров еден ден би можеле да се сметат бегалците раселени поради климатските промени.