По дебаклот на Алијанса во Тетово, Села поднесува оставка?

од Берта Китинска

По изборен резултат на изборите за Советот на Општина Тетово, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села најави дека ќе поднесе оставка.

Од АА за „Локално“, информираа дека наскоро Села ќе даде изјава од седиштето на партијата во Тетово.

Денеска повеќе медиуми јавуваат дека за вечерва е закажан состанок на потесното партиско раководство, на кој Алијанса ќе ги анализира резултатите од изборите и оставката на лидерот.

Со само околу 800 освоени гласови, три пати помалку од претходните локални избори, партијата на Села ги изгуби тројцата општински советници и сега нема ниту еден.

Слични содржини