По израелските напади: Илјадници Палестинци на утринската молитва во харемот Ал-Акса

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Илјадници Палестинци, по израелскиот напад во петокот вечерта, влегоа во комплексот на џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим на сабах-намаз, утринска молитва на муслиманите, пренесува Анадолија.

Бројот на повредени во израелскиот напад извршен во петокот вечерта во џамијата Ал-Акса, кај портата Дамаск во Стариот град и во областа Шеик Јарах се искачи на 205.

Израелските сили извршија напади со шок бомби и солзавец на различни локации кратко по ифтарот.

Илјадници Палестинци во раните утрински часови дојдоа пред портите Хуту и ​​Есбат (Лавовата порта) на северниот ѕид на Ал-Акса.

По синоќешниот напад на израелската полиција врз Палестинците, влезовите во Ал-Акса беа затворени, но беа отворени утрото.

Слични содржини