По совет на лекар, Кралицата Елизабета ја откажа посетата на Северна Ирска

од Vladimir Zorba

Британската кралица Елизабета (95) ги прифати препораките на лекарот да се одмори следните неколку дена и ја откажа планираната посета на Северна Ирска, објави денеска Бакингемската палата.

„Кралицата неволно го прифати медицинскиот совет за одмор во следните неколку дена“, се вели во соопштението, цитирано од Ројтерс.

Таа, како што се додава, е во добар дух и е разочарана што нема да може да ја посети Северна Ирска, каде што требаше да има активности денес и утре.

Кралицата, која е на престолот речиси седум децении, испрати „најтопли поздрави до граѓаните на Северна Ирска и со нетрпение очекува да ги посети во иднина“, се вели во соопштението на Бакингемската палата.

Слични содржини