По средба со Зекири и Манчевски во самоизолација

од Берта Китинска

Минситерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски објави на Фејсбук дека е во самоизолација поради средба со потпретседателот на СДСМ, Муарем Зекири, кој е позитивен на Ковид 19.


„Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација. На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме.На Муки и семејството им посакувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје“, напиша Манчевски.

Слични содржини