Победниците на Евровизија им нанесоа БРУТАЛЕН УДАР на властите во Полска (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Членовите на бендот „Манескин“, кој победи на овогодинешната Евровизија, се големи поддржувачи на LGBTQIA+ заедницата, а тоа го докажаа за време на нивниот нов настап во Полска.

Поточно, тие настапија на фестивалот „Полсат СуперХит“ во Сопот, а преносот беше на националната телевизија.

Имено, фронтменот Дамијано Давид, изведувајќи ја песната „I Wanna Be Your Slave“, го прекина настапот со цел да испрати силна порака и да ја поддржи споменатата заедница.

Во еден момент, тој го прегрна својот колега одбендот Томасо Раги и потоа страсно го бакна во устата.

Тие споделија видео од настапот на својот Инстаграм.

– Еднакви права на LGBTQIA+ заедницата. Ние веруваме дека на сите треба да им биде дозволено да го прават тоа без страв. Сметаме дека секој треба да биде потполно слободен да биде кој и што сака. Ви благодариме Полска, ЉУБОВТА НИКОГАШ НЕ Е ПОГРЕШНА! – стои во описот на видеото што е прегледано над 3,3 милиони пати.

Овој потег е силен удар за тамошните власти затоа што LGBTQIA+ луѓето во Полска не ја уживаат истата заштита на правата како и сите други луѓе.

Хомосексуалноста е легална во Полска, но истополовите домаќинства ги немаат истите права како хетеросексуалците.

Според истражувањето од 2005 година, дури 89% од полските граѓани сметаат дека хомосексуалноста е „неприродна“, а само половина веруваат дека хомосексуалноста треба да се толерира.

Да потсетиме, во Полска одредени села и цели провинции се прогласени за „зони ослободени од ЛГБТ идеологијата“, а истакнати политичари на сексуалното малцинство се претставени како непријатели на народот.

Во последните пет години, откако националната конзервативна партија „Закон и правда“ дојде на власт, според оценувачите на бранителите на човековите права, Полска стана најхомофобична земја во Европската унија.

Слични содржини