Победниците на Евровизија објавија спот за песната Stefania: Сцени кои ќе ве трогнат (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Победниците на Евровизија, украинскиот Kalush Orchestra, го објавија официјалниот спот за песната Stefania со кој се претставија на овогодинешниот натпревар. Сцените од песната длабоко ќе ве трогнат бидејќи ја прикажуваат Украина разурната од војна, но и мајка која се бори за слобода и спас на своето дете и татковина.

Заедно со песната е објавен и превод на англиски јазик.

„Еднаш ѝ ја посветив оваа песна на мајка ми, а кога избувна војната, песната доби многу нови значења.

Иако во песната нема збор за војната, многумина почнаа да ја поврзуваат песната со мајка Украина. Згора на тоа, општеството почна да ја нарекува химна на нашата војна!

„Но, ако Stefania сега е химна на нашата војна, би сакал таа да стане химна на нашата победа“, се вели во описот.

Посочуваат и дека видеото е снимено врз основа на вистински настани.

За помалку од 24 часа видеото има повеќе од шест милиони прегледи.

Слични содржини