Почина осуденик во штипскиот затвор

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Почина осуденик во Затвор – Штип, потврди и директорот Мики Тодоров, пренесе „Пресс24“.

Станува збор за возрасно лице, кое вчера со возило на Итната медицинска помош било однесено во Клиничката болница во Штип на Интерно одделение, каде останало неколку часа, а утринава е отпуштено.

Осуденикот починал само што бил вратен во Затворот и за тоа биле известени екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт.

Тодоров изјави дека за смртта на осуденикот е известен и СВР Штип, а според сите документи со кои располагаат во однос на здравствената состојба на лицето, не е дадено наредба да се изврши обдукција.

Слични содржини