Починато лице од Грција пронајдено во апартман во Гевгелија

Во полициската станица во Гевгелија, околу 8:45 било пријавено дека во апартман во Гевгелија бил пронајден починат Ѕ.А. (46) од Грција, кој имал привремен престој таму. По повиканата итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

Екипата на одделението за внатрешни работи во Гевгелија извршиле увид во местото на настанот, по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Слични содржини