Почна седницата во Собранието на која ќе се гласа новиот состав на Владата

од Vladimir Zorba

Почна седницата во Собранието на која пратениците ќе го гласаат новиот состав на Владата, предложен од мандатарот Димитар Ковачевски.

Седницата ќе трае денеска и утре а за Владата мора да се гласа најдоцна до утре на полноќа за избор на новиот владин состав треба да гласаат најмалку 61 пратеник.

Мандатарот Ковачевски на списокот има 21 министер.

Министерство за одбрана – Славјанка Петровска (СДСМ), Министерството за внатрешни работи – Оливер Спасовски (СДСМ), Министерство за правда – Никола Тупанчевски (СДСМ), Министерство за земјоделство – Љупчо Николовски (СДСМ), Министерство за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) Министерство за труд и социјална политика – Јована Тренчевска (СДСМ), Министерство за локална самоуправа – Горан Милевски (Коалиција СДСМ).

Од редовите на СДСМ се и вицепремиерите Фатмир Битиќи за за економски прашања, Бојан Маричиќ за европски прашања и Славица Грковска за борба против корупција и криминал.

Артан Груби (ДУИ) останува во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Министерство за надворешни работи – Бујар Османи (ДУИ), министерство за екологија Насер Нуредини (ДУИ), Министерство за финансии Фатмир Бесими (ДУИ), Министерство за економија Крешник Бектеши (ДУИ), Министерство за образование Јетон Шаќири (ДУИ).

Од Алтернатива се Беким Сали – Министерство за здравство, Мининсстерство за информатичко општество и администрација – Адмирим Алити и Џемаил Чупи министер без ресор задолжен за дијаспората.

Слични содржини