Почна теренската вакцинација во училиштата во Карпош

од Марта Пешевска
110 прегледи

По прогласувањето на епидемија на морбили на територија на целата држава, постапувајќи по наредбата на Министерството за здравство, денеска во основните училишта во Општина Карпош започна теренската вакцинација на невакцинираните ученици.

Од Општина Карпош информираа дека вакциналните тимови ја почнаа вакцинацијата од ООУ „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1 каде има 49 невакцинирани деца, како и во ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, каде според евиденцијата не беа вакцинирани 38 ученици.

Вакцинирањето со МРП вакцина ќе продолжи утре во ООУ „Владо Тасевски“ во Козле. Теренската вакцинација низ 10-те основни училишта во Карпош ќе трае во наредните две недели.