Почнува карневалот во Рио

од desk2
78 прегледи

Во Рио де Жанеиро, кој не е ниту главен, ниту најголем град на Бразил, но е секако најпознатиот, денеска, како и во други места во големата јужноамериканска земја, почна карневалот.

Карневалот во Рио е можеби најпознатиот на светот, а наскоро градските власти на овој крајбрежен мегалополис ќе му ги предадат клучевите градот на „Момо“ односно годинашниот дебел крал на карневалот, кој е водачот на карневалската забава.

Карневалот во Рио ќе трае пет дена, а се очекува да го проследат огромен број гости од земјата и од странство, и покрај рецесијата и штрајковите на полицајците.

Градските власти на Рио се надеваат дека карневалот ќе привлече повеќе од милион посетители и ќе донесе околу милијарда американски долари во градската каса.