Комисијата има 11 члена од кои шестмина пратеници се на ВМРО-ДПМНЕ.

собрание-520x350

Во Собранието на Република Македонија за денеска во 11 часот е закажана првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност- Импичмент  на претседателот Ѓорге Иванов. Комисијата има 11 члена од кои шестмина пратеници се на ВМРО-ДПМНЕ. Според пратениците ова ќе биде уше една деловничка фарса на власта  во која со надгласување ќе се блокира уште една комисиска расправа . . На собраниска седница пратениците на СДСМ не гласаа за формирање на комисијата. Не се знае дали денеска на комисиската седница  и ќе присуствуваат двајцата членови од СДСМ. За СДСМ основањето на комисијата било сторено со грубо кршење на деловникот.Речиси  е извесно, и власта тоа не го крие,  дека преку оваа комисја ќе се блокира дебатата за импичмент за претседателот Иванов, и јавноста ќе биде ускратена за јавна седница на која ќе се кажат и слушнат  ставовите на целата парламентарна  опозиција и власта во врска со одлуката на Иванов за срамната  аболиција.Двотретинското мнозинство е исклучено, но власта сега ја пакува  и собраниската седница.

Оваа собраниска одлука за составот на комисијата  СДСМ ја обжали на Управен суд.

Слични содржини