Почнува вакцинацијата на деца и млади, има скоро 1800 пријавени

од Берта Китинска

Денеска започнува вакцинацијата на деца од 12 до 16 години.

Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца. Децата од 12 до 16 години ќе се вакцинираат со Фајзер. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст.

Вакцинацијата против Ковид-19 нема да биде задолжителна во Северна Македонија, но е неопходна за да се постигне колективен имунитет. Министерот за здравство Венко Филипче деновиве изјави дека тој ќе ги вакцинира своите деца. „Единствен начин да стигнеме до колективен имунитет е и децата да се вакцинираат“, порача Филипче.

Со теренската вакцинација на возрасните која почна минатата седмица во населени места и во рурални средини, регионалните вакцинални пунктови – спортските сали во неколку градови, се во функција за ревакцинирање и почнуваат да се затвораат.

Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453 773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се 272 129.

Слични содржини