Почнуваме со масовна солидарна акција за обновување на „Глобал“, објави Заев

од Nikola Popovski

„Сите луѓе кои го изгубија сето тоа што го создале во текот на својот живот сакам да знаат дека, пред се доаѓаат божиќните празници, празниците на помагање и солидарност и дека уште утре ќе организираме масовно солидарна акција и за расчистување и за возобнобување на Глобал и за финансиско помагање со сите можни аспекти кои ни стојат на располагање, пред се како држава и како влада, секако и како Општина, а после тоа и како граѓани. Знам дека многу брзо ќе го вратиме животот овде во „Глобал“ и на сите граѓани на кои им се уништиле своите имоти, ќе им ги вратиме во првобитната состојба , солидарноста на дело ќе ја покажеме и наша македонска и наша струмичка.  Нова година почна тешко за Струмица, но некогаш господ ни дава ваква можност да ја покажеме на дело нашата солидарност, да си подадеме рака“, изјави денес премиерот Зоран Заев при посетата на опожарениот мол „Глобал“ во Струмица.

Екипите на ЈО сѐ уште не се влезени внатре зашто чекаат зелено светло од противпожарните служби. Според информациите од терен, на некои места пожарот сѐ уште тлее.

Во пожарот кој синоќа го зафати „Глобал“ причинета е огромна материјална штета. Повреден е еден пожарникар, а на помош на пожарникарите од Струмица дојдоа екипи од Радовиш, Штип, Валандово и Кавадарци.

Вкупно 61 пожарникар речиси 5 часа се бореа со огнот до негово конечно гаснење во 03:50 часот.

Слични содржини