По повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, турската Фондација за хуманитарна помош (ИХХ) подели курбанско месо за околу 2,3 милиони сиромашни луѓе во 103 земји ширум целиот свет. 
Во соопштението на организацијата со седиште во Истанбул, се наведува дека курбанско месо е доставено до луѓето во бегалските кампови, во сиромашните и регионите зафатени од војна, како и во областите погодени од природни катастрофи.
„Приоритет имаа Сирија, Ирак, Палестинците, Сомалија, Јемен, Бангладеш, мјанмарската држава Ракини, кинескиот регион Синџијанг“, се наведува во соопштението на организацијата.