Поевтинуваат дел од бензините

од Nikola Popovski

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.09.2023 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,00 ден/лит, малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), изнесува 85,00 ден/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,715 ден/кг.

Слични содржини