Погледнете го трејлерот за новиот филм на Анџелина Џоли

од desk2

Второто режисерско остварување на Аџелина Џоли филмот „First they killed my father“ е вистинита приказна врз основа на биографијата на Лунг Унг.


Филмот се базира на истоимената книга на Лунг Унг, која била дете за време на владеењето на Црвените Кмери од 1975 година до 1979 година, за време на чиј режим страдаа околу 2.000.000 Камбоџанци.

Таа во своите мемоари се присетува на ужасот кој го преживеала во тој период, кога Црвените Кмери ги убиле нејзиниот татко, мајката и двете сестри и на спасоносното бегство на Тајланд со постариот брат.

Филмот е снимен во текот на 2016 година во Камбоџа, земјата во која Анџелина се смета како дома и од каде го посвои својот син Медокс.

Слични содржини