Политичкиот театар на Русија на Балканот

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Балканскиот полуостров се наоѓа во предградието на империјата. Во регионот, со неговата мешавина на националности, религии и политички движења, имаше еднаков интерес и еднакви услови за конкурентните светски држави во текот на целата негова историја.

Русија си  конкурира со Австроунгарската и Отоманската империи за влијание на оваа територија во XIX век. За време на Студената војна Југославија стана арена на борбата меѓу СССР и Западот, независно од нејзиниот официјален вонблоков статус по Втората светска војна.

Во 1991 година земјата се распадна. А колапсот на Советскиот Сојуз  ја остави Москва без можноста да се наоѓа во блиски контакти со создавањето се новоформираните држави во периодот на воспоставување на  како независност, оваа задача легна на плеќите на Европската унија. Од тогаш Западот господари   во балканските држави во економската сфера и во областа на безбедноста, раскажуваат во својот извештај експерти од приватната американска разузнавачка-аналитичка компанија “Стратфор”.

Само што, како потсетуваат аналитичарите, Русија онака ги одржува своите позиции на Балканот. И денес, со продлабочувањето на несогласувањата внатре во Европската унија и неувереност во Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), Москва повторно го  фокусира вниманието на Балканот. Стабилноста на Балканот беше жешка тема на средбите на претседателот на Русија Владимир Путин со Советот за безбедност во Кремљ во оваа година. Тој дури истакна дека оваа стабилност е врвен приоритет за Русија. Во исто време се поставува прашањето ќе стане ли овој регион во наредниот театар на тековната битка на Москва против западната моќ и единство.

На крајот на краиштата разгорувањето на напон во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија за руските власти е погодно средство за зајакнување на нивното влијание и понатамошното расејување на Западот, сметаат од “Стратфор”.

Ѕвечкање на оружје во Србија

По крајот на Студената војна Србија, за разлика од многу свои соседни земји, остана во центарот на динамични односи на Русија и Запад. Земјата ги  користи своите културни и верски врски со Русија, за да ги одржува силните врски со Москва, но, исто така, има намера да се здобие со членство во Унијата. Само дека во последните две години влијанието на Русија во Србија значително се зголеми. Според информации на Белградскиот центар за евроатлантски студии бројот на руските медиуми и невладини организации во земјата по 2015 година е зголемен за повеќе од десет и достигна до 100. Двете главни вести мрежи на Кремљ – “Спутник” и “РТ” ( Russia Today) почнаа да нудат телевизиски програми, онлајн вести и радио емитувања на српски јазик.

Покрај тоа рускиот државен весник “Российская газета” печатот во Москва на широко го шират неделникот “Недельник” и го праќа во Србија. Во написите често се користи антизападна реторика, на пример  се зборува с за бомбардирањето на НАТО во 1999 година и поддршката  укажана од Москва на Белград во овој конфликт. И се чини дека оваа стратегија функционира. Анкетирање на јавното мислење, спроведено во февруари од српскиот неделник “Vreme”, покажа дека околу 68% од Србите ги сакаат односите со Русија пред односите со Европската унија, нагласија  аналитичарите од “Стратфор”. Во исто време во последните месеци Русија и Србија демонстрираа своите воени врски. Во октомври 2016 година за Сирија замина руски авион натоварен со 40 тони облека и лекови од Србија. Следниот месец руски и белоруски офицери  одржаа вежба  во Србија, која  се совпаднаа за време со вежбите на НАТО извршени на територијата на Црна Гора. Покрај тоа, владата во Белград ќе добие за период од неколку недели шест ловци МиГ-29, десетици тенкови и борбени машини како подарок од Москва, која исто така предложи да им продаде на Србите ракетни системи “Бук”.

Како што тврдат од “Стратфор”, голем дел од сите овие настани биле политички театар, чија цел е привлекување на избирачите националисти пред претседателските избори во Србија, кои се одржаа во неделата и беа добиени од актуелниот премиер Александар Вучиќ.

Но зад политиканстването на Белград се прикриваат тензиите меѓу земјата и нејзините соседи, особено Косово, чија независност Србија не го признава. Во јануари практично дојде до конфликт, кога владата на Косово испрати  специјални полициски сили, за да биде запрен воз кој доаѓал од Белград кон северната територија, каде живеат главно косовски Срби, а на возот на 21 јазикот беше напишана фразата “Косово е Србија “. Во одговор на овој инцидент, претседателот на Косово Хашим Тачи ја обвини Србија во обид за примена на “Кримскиот модел” за освојување на северниот дел од неговата држава. Додека се случуваше тоа, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, се јави по телефон на рускиот колега, за да замоли за поддршка, изразувајќи го стравот дека наближува нова војна.

Како се создава криза

Сега, кога Косово повторноја  разигрува идејата за претворање на своите вооружени сили за безбедност во редовна армија, односите меѓу двете земји стануваат уште позатегнати. САД и другите членови на НАТО се закануваат да го прекинат одржувањето и заштитата на Косово, ако плановите се реализираат. Сепак Тачи поднесе предлог-законот за афирмација на редовна армија во парламентот, користејќи ги како основа за своите постапки неодамна склучените воени договор помеѓу Србија и Русија и влијанието на Белград во северно Косово. Владата во Приштина е загрижена од тоа дека Западот може да нема време или нема да одвои доволно внимание за да се посвети на зачувување во безбедност на појавија пред девет години суверена држава. И ако затегнатите односи меѓу Косово и Србија останат, Русија може да ги користи за да биде создадена скалеста  криза. Практично сега Москва се соочува со обвиненијата дека се обидела да го стори истото во Црна Гора. Владата на земјата ги обвини руските тајни служби во заговор со цел извршување на атентат против Мило Ѓукановиќ, кој во тоа време беше премиер, во пресрет на парламентарните избори во октомври, за да се спречи пристапот на земјата во НАТО. Според зборовите на поранешниот главен обвинител на Црна Гора овој план бил организиран од поранешниот воен аташе.

Згора на тоа Ѓукановиќ рече дека Москва фрла  пари во предизборните кампањи пред парламентарните избори. Србија приведе и депортира група Руси, обвинети во планираниот  превратот, во рок од неколку недели по изборите, а други 21 осомничени беа уапсени во Црна Гора. Од своја страна Москва ја негира својата емпатија со заговорот и ја обвинува владата на земјата за фалсификување на настаните, за да  се стави Москва во негативна светлина.

Сепак претстојните во 2018 година претседателски избори во Русија можат да и дадат уште една шанса да се посее семето на раздорот во кревкото влада на Црна Гора.

Референдум за влијанието на Русија

Од “Стратфор” се убедени дека гласањето во Босна и Херцеговина би можело да и даде на Москва шанса да го зголеми своето влијание. Претседателот Милорад Додик повика на референдум следната година за независноста на Република Српска, во која живеат главно православни Срби (предлогот потсетува на “референдумот” во Крим). Додик, кој за прв пат предложи референдумот за време на предизборната кампања во 2014 година, не ги  крие своите врски со Кремљ. Две недели пред претседателските избори тој ја посети Москва за да се сретне со Путин, а на денот на изборите се поврза со рускиот ултранационалист и пропагатор Константин Малофеев – агент на советникот на претседателот на Русија Владислав Сурков, тврдат аналитичарите од “Стратфор”.

Беше објавено дека тие двајцата организирале и финансирале “референдумот” во Крим. Покрај тоа, тој пристигна во изборниот ден со група руски Козаци, која подоцна беше забележана по улиците крај избирачките делови. Додик успеа да победи со незначителна предност при гласањето што го ограничи влијанието на Русија во Босна и Херцеговина. Сепак повеќе руски медиуми продираат во земјата во српската граница во последните две години, за да шират позициите на Москва. Иако избирачите во Република Српска се поделени по прашањето за сепарација, кампањата во медиумите на Кремљ ќе се засилува повеќе со приближувањето на референдумот.

Ширење на дезинформации

Генерално Македонија веќе е цел на руска дезинформациона пропагандистичка кампања. Министерството за надворешни работи на Русија ги  обвини Европската унија и САД во поддршка на сепаратистичките движења меѓу албанското малцинство во оваа кревка земја, што претставува околу 25% од населението. Според Москва Западот поддржува раздор во интерес на создавање на т. н. Голема Албанија. Според извор на “Стратфор” амбасадите на Германија и Австрија,  се обидува да се спротивстават одвнатре  на пропагандата на Русија, како и со финансираното од САД  “Радио Слободна Европа”. Независно од тоа неодамнешното истражување на јавното мислење покажа дека мнозинството Македонци во иднина побрзо би се обратиле за помош до Русија, отколку кон Западот, бидејќи тие се сомневаат во приврзаноста на западните влади. Наводно, Вашингтон планира намалување на финансирањето за “Радио Сслободна Европа”, создавајќи вакум во македонските медиуми, кој ќе биде исполнет од Русија, нагласуваат од “Стратфор”.

Иако нестабилноста во Македонија е во позадината на ситуацијата во Косово или Република Српска, ситуацијата таму претставува уште еден пример за активно мешетарењето на Русија на Балканот.

Се разбира, не сите земји во регионот ги прифаќаат успесите на Москва: Хрватска, која е членка на ЕУ и НАТО, активно работи за да не можат руските и проруски медиуми да ги шират своите активности внатре во земјата, тврди извор од “Стратфор”.

Другиот член на НАТО – Албанија, исто така се обидува да се противи на руското влијание, иако медиумите на Кремљ го проширија дофатот , вклучувајќи и емисии на албански јазик. Овие кампањи задолжително ќе продолжат.

За Москва интервенција на Балканот е најевтина со  висок приход  на дело. Владата на Русија нема илузии дека ќе успее да ги придобие на своја страна и балканските држави. Заедно со тоа Русија гледа на регионот како на свое гнездо .  Со поттикнување  конфликти, Москва може да создаде серија од прилично длабоки кризи, за да ја фокусира  Европската унија и НАТО, добивајќи на тој начин уште еден адут кој ќе го  користи во преговорите со Западот, истакнуваат аналитичарите од “Стратфор”.

——–

Јарослав Кривцун “Апостроф” Украина