Политичките парти ќе се жалат до Управен, Кекеновски се закани со кривична пријава против ДИК

од Берта Китинска

Полтичките партии ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса и Алтернатива, Левица и Интегра по одбиените приговори од ДИК ќе поднесат тужби до Управниот суд.

Од ВМРО-ДПМНЕ бара рачно пребројување на сите гласачки ливчиња, но барањето едногласно беше одбиено од ДИК. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алетрантива ќе поднесат тужби за сите 150 приговир.Ќе тужат и Левица и Интегра чии приговори вчера беа одбиени.

Од ДИК велат дека сите решенија за приговорите од партиите ќе им бидат доставени по електронска пошта.

Денеска од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, соопштија дека ќе поднеат кривични пријави против претседателот на Државната изборна комисија, Oливер Деркоски и другите членови на комисијата.

Јове Кекеновски посочи дека наместо официјалното поднесено и прифатено име на коалицијата, на гласачкото ливче стоело името на политичката партија „Единствена Македонија“.

„Со наведувањето на името на само една политичка партија, наместо на целата коалиција, избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (партијата Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерани на ВМРО 1990) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите, со цел да не гласат за реален учесник на изборите“, порача Кекеновски.

Слични содржини