Politico: Новиот наставен план во Турција- Се повеќе Ердоган, и повеќе ислам!

од Vladimir Zorba
75 прегледи

На позадината на планот за зголемување на моќта на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, владата на Турција се обидува да ја формира иднината на земјата и надвор од салите на парламентот, пишува весникот Politico .


Минатиот месец, откако парламентот конечно  ги изгласа  уставните измени, кои ќе создадат претседателски систем, Министерството за образование објави нов проект за наставен план за следната година.
Некои од промените изгледаат безопасно: заедно со Ајнштајн и Њутн децата ќе учат и познати турски и муслимански научници. Но секуларна настроените Турци изразија незадоволство поради укинувањето на часовите за еволуцијата и за татковците основачи на државата. Тие ја обвинуваат владата во тоа што наметнува својата конзервативна-религиозна идеологија во образованието.
Синдикатот на учителите “Егитим Сен”, кој често ја критикува владината политика, е загрижен од новиот проект. Според него тој ќе го  промовира “религиозното и националистичко” размислување, и се стави акцент на турската национална свест и сунитскиот ислам.
Во меѓувреме најголемата опозициска партија го осуди случувањата како обид да се “избрише” основачот на турската република Мустафа Кемал Ататурк: Министерството за образование сака да го намали часовите за него и за неговиот наследник Исмет Инону.
Од Министерството  ги одбранија промените, посочувајќи дека новата програма ќе ја претстави турската историја “од перспективата на националното и морално образование”