Политико: КОВИД-19 покажа од што се „направени“ денешните светски лидери

од Nikola Popovski

Не секоја земја го има лидерот што го заслужува, но пандемијата со коронавирусот покажа каков водач всушност доби секоја земја, пишува бриселски Политико, анализирајќи ги одговорите на светските лидери на кризната ситуација.

За американскиот претседател Доналд Трамп, Политико тврди дека со недели ги намалувал ризиците од вирусот кон јавното здравје, а потоа ги обвинил Кина, Европската унија, демократите и медиумите и заклучува дека коронатавирусот го покажал „нарцизмот и незнаењето“ на Трамп.

Во други времиња, светот би се свртел кон САД сметајќи на нивното лидерство, но се чини дека „прво Америка“ дека значи „среден прст“ за остатокот од светот, заклучува Политико.

Следен на списокот е британскиот премиер Борис Џонсон, или како што го нарекува Политико, „духовниот другар на Трамп“.

Комплименти за Маркон и Меркел

Текстот проценува дека неговиот одговор на „вирусот што ниту го почитувал Брегзит, ниту чекал на пасошката контрола на Довер“ е премногу бавен.

Бидејќи се обидува да ја следи реториката Винстон Черчил од Втората светска војна за прашања поврзани со животот и смртта, Џонсон не може да го скрие својот „внатрешен кловн“, наведува Политико.

Попозитивно е гледиштето на францускиот претседател Емануел Макрон, кој „ги повика неговите внатрешни [Шарл] Де Гол или Наполеон [Бонапарта] и зрачејќи со авторитет“.

Политико ги пофали драстичните мерки преземени од Макрон, како што е ограничувањето на движењето, како и одлуката да се запре контроверзната реформа на пензискиот систем за време на кризата.

Германската канцеларка Ангела Меркел, Политико пишува дека „ја игра улогата за која е родена“.

Нејзината решеност, која таа го покажа и во реткото телевизиско обраќање до нацијата, е во спротивност со борбите во Париз и Лондон.

„Нејзината фундаментална пристојност и одлучување засновано врз докази со право ја вратија на позицијата европски лидер со доверливо лидерство“, рече таа, додавајќи дека „покажала изненадувачка подготвеност да ја отфрли долгогодишната догма на избалансиран буџет во вакви драматични околности“.

Политико го смета италијанскиот премиер Џузепе Конте за „неочекувана ѕвезда“ во оваа ситуација.

Неговото стабилно управување со кризата во силно задолжената европска земја најтешко погодена од вирусот, покажа дека не е точна изреката на [Бенито] Мусолини дека „владеењето со Италијанците не е тешко, но залудно“, заклучува Политико.

Слични содржини