„Политико“: Насилните тактики на Бугарија во спорот со Северна Македонија излегуваат од европската агенда

Откако во петокот, амбасадорите на земјите членки на ЕУ не успеаа да ја убедат Бугарија да остапи во својата намера, денес „Политико“, повикувај се на изјава на дипломат на ЕУ за бриселски „Плејбук“, посочија значаен факт.

Имено, тие велат дека „Бугарските силеџиски тактики можат да ги применуваат „дома“, односно за решавање на проблемите на билетерално ниво во однос на Северна Македонија и дека овие постапки се надвор од важната европка агенда односно се несоодветни за нивото кое го држи Европската Унија.“

Во овој контекст, бугарското МНР веќе излезе со став дека со ова решение не се нудат гаранции, какви што Бугарија бара конкретно во преговорите со Северна Македонија.

Исто така, Бугарија во еден момент ја информираше и ЕК дека не може да ја прифати преговарачката рамка по која следи отворање на преговорите со Северна Македонија. Тоа, како што се вели ја загрозува целта на германското претседателство со ЕУ за почеток на преговорите оваа година.

Ваквиот став беше пренесен од страна на бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева.

Порталот „Политико“ посочува и дека Бугарија и Северна Македонија имаат спор кој се сведува на прашања од историјата и јазикот, во кои Софија бара од Скопје да признае дека јазикот има бугарски корени, како и отфрлање на фактот дека постои македонско малцинство во соседна Бугарија.

 

 

Слични содржини