Полицијата досега напишала 22186 прекршочни за неносење маска

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 22186 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 672 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 98 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 763 лица им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 9 лица.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Слични содржини