Скотланд јард истражува 32 лондонски фудбалски клубови од кои четири од Премиер-лигата и повеќе од 100 случаи на сексуално злоставување.
Полицијата истражува 106 случаи на наводно злоставување, а под истрага се поединци од четири лондонски клубови од Премиер-лигата, два клуба од Чампионшип, три клубови од Лига-1 и Лига-2, додека останатите се од лиги од понизок ранг.
Полицијата не откри за кои клубови се работи, но во овој момент во елитната англиска лига има пет клубови од Лондон – Арсенал, Челзи, Тотехем, Вест Хем и Кристал Палас.
Откако Енди Вудворд поранешен играч на Кру Александра кој денес има 43 години, откри на медиуми дека бил жртва на педофили, повеќе од 12 играчи јавно признаа дека додека биле деца сексуално ги злоставувал тренер или менаџер.
На бесплатниот телефон за жртви на сексуално злоставување покренат по обвинувања дека поранешниот фудбалски тренер Бери Бенел, кој работел во Кру, Манчестер Сити и Стоук Сити, сексуално напаѓал играчи, досега примиле 860 анонимни повици.
Бенел веќе бил осуден на 4 години затвор поради силување малолетници во 1994 година, и на девет години затвор поради сексуално злоставување шест деца во Англија во 1998 година. Лани повторно заврши во затвор бидејќи сексуално нападнал дете во фудбалски камп во Маклесфилд во 1990 година