Полицијата уште денес ќе лови луѓе без маски на отворено

од Берта Китинска
352 прегледи

Уште денеска полицајците ќе ловат граѓани кои надвор на отворено нема да носат заштитни маски. Од утре една од главните превентивни мерки повеќе нема да биде во важност.

Поради намалувањето на бројот на новозаразени лица, Кризниот штаб одлучи да ги прифати мерките кои Комисијата за заразни болести ги достави минатата недела.Заега полицискиот час останува на сила до 15 јуни.

Почнувајќи од 1 јуни 2021 година:

  1. Укинување на мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.
  2. Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од КОВИД-19.
  3. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица.
  4. Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.
  5. Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.
  6. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина (член 3 т. 14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Сл.В.РСМ“ бр.263/20),
  7. Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.

Досега во земјата се направени вкупно 794.832 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.269, бројката на оздравени пациенти е 148.664, на починати е 5.408, а бројот на активни случаи изнесува 1.197.

Слични содржини