Полициски службеник од Скопје се здоби со повреда при чистење на пиштолот

Утринава, полициски службеник од Инџиково, се здобил со повреда, при чистењето на својот службен пиштол, соопштија од МВР.

„Утрово околу 3:00 часот во куќа во селото Инџиково, Скопско. А.С. (24), полициски службеник, при чистење на службен пиштол, испукал еден куршум и се здобил со повреда во десното стапало. А.С. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, посочија од МВР.

Оттаму информираат дека за случајот е известен и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 

Слични содржини