Полициски службеници ќе го тужат Трамп за нередите пред „Капитол хил“ на 6. јануари

Двајца полицајци од американскиот Капитол поднесоа тужба против поранешниот претседател Доналд Трамп за поттикнување на востанието на 6 јануари, во кое се наведува дека тој е одговорен за физичките и емоционалните повреди што ги претрпеле во тоа време.

Ројтерс пренесува дека  Џејмс Бласингем кој е 17 и Сидни Хемби кој е 11 години во полициската служба,  поднеле тужба против Трамп пред американскиот суд за областа Колумбија, барајќи обештетување од најмалку 75.000 американски долари.

Во тужбата се вели дека побарувањето за отштета се должи на физички и емоционални повреди предизвикани од незаконското однесување на обвинетиот Доналд Трамп, кој го поттикна востанието од 6 јануари 2021 година, во кое неговите следбеници се обидоа да ги оспорат резултатите од претседателските избори во 2020 година, според  агенцијата.

Во своето барање пред судот, повредените полицајци го посочуваат однесувањето на поранешниот републикански претседател пред и по претседателските избори на 3 ноември, што вклучува коментари во говори, на Твитер и за време на претседателските дебати.

Во тужбата се тврди дека Трамп поттикнал насилство за време на претседателската кампања во 2020 година и тврди дека изборите биле наместени откако сегашниот претседател eо Бајден беше прогласен за победник.

Според нивната тужба, Трамп им се заканувал на своите противници со насилство, ги охрабрувал своите следбеници на насилство и ги одобрувал нивните незаконски постапки.

Ројтерс пренесува дека во тужбата се вели и дека Трамп ги охрабрил приврзаниците да дојдат во Капитол на 6 јануари и да ја запрат кражбата месеци по изборите, а во твит од 19 декември го напиша Големиот протест во Вашингтон, на 6 јануари. Бидете таму, ќе биде диво, што многу од неговите приврзаници го сфатија како буквално повик за вооружување.

Трамп претходно ја негираше одговорноста за немирите во кои животот го загубија пет лица, вклучително и еден полицаец, а неговата канцеларија не го врати веднаш повикот до агенцијата за коментар за тужбата.

Слични содржини