130
Вкупно 55 лица во целата држава во изминатите 24 часа не ја почитувале забраната за движење, при што биле приведени 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Според статистиката на МВР, во истиот период на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација, додека полициските службеници кои извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, не евидентирале лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.