Помош од С. Македонија за Украина: Електродистрибуција донираше трансформатори

од Nikola Popovski

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информираше дека ЕВН Електродистрибуција донирале трансформатори за потребите на Украина.

Според тоа што го сподели Бектеши, ова претставува донација за семејствата од Украина кои се соочуваат со недостиг на струја за време на воената инвазија на Русија.

Веста прва ја објави Енергетската заедница.

-Северна Македонија стана првата договорна страна на Енергетската заедница која донираше итна енергетска опрема за Украина. Шест електроенергетски трансформатори дадени од операторот на дистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ, дел од ЕВН Северна Македонија, беа испорачани во Украина. Испораката на пратката беше координирана од Работната група за поддршка на Украина на Секретаријатот, стои во објавата.

Слични содржини