Помпео: Хрватите наскоро ќе патуваат во САД без визи

од Stefanija Kuzmanovska

Хрватските граѓани наскоро ќе можат да патуваат во САД без визи, изјави денеска државниот секретар на САД, Мајк Помпео во интервју за Хина во Дубровник, додавајќи дека тоа ќе се случи „во следните месеци“.

На прашањето кога ќе биде потпишан договорот за безвизен режим за хрватските граѓани, т.н. visa-waiver програма, Помпео рече дека се надева дека тоа ќе се случи „многу скоро“ односно „во следните месеци“. Тој не сакаше да биде поконкретен од тоа.

Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се единствените членки на Европската унија на кои им е потребна виза за во САД

Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се единствените членки на Европската унија за кои САД се уште не ги укинале визите. Уште во 2014 година, Европската комисија побара од САД да ги укинат визите за Хрватска и останатите земји на ЕУ чии граѓани сè уште мораа да го имаат документот за влез во САД. Дури и се закани со реципрочни мерки, но тоа не се случи.

Полска беше исклучена од режимот дури кон крајот на минатата година, откако спроведе кампања која ги охрабрувала бизнисмените и службениците за кои беше речиси сигурно дека ќе добијат виза да испратат барање.

Слична кампања оваа година спроведе и Хрватска, која веќе на 30 септември минатата година, кога фискалната година во Америка заврши, го намали бројот на одбиени барања на четири проценти и веќе не беше далеку од постигнување на целта. Уште една фискална година заврши завчера и треба да се претпостави дека американската страна е близу до решавање на таа математичка пресметка.

Учеството во visa-waiver програмата значи дека хрватските граѓани можат да патуваат во САД без виза на максимум 90 дена, од туристички или деловни причини.

На Американците не им треба виза за ЕУ.

Слични содржини