Помпео за случајот Навални: Труењето веројатно го нарачале Русите

од Stefanija Kuzmanovska

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, тврди дека постои „значителна шанса“ високи руски официјални лица да наредиле наводно труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.

„Постои значителна шанса ова навистина да дојде од високи руски функционери“, се вели во преписот на Стејт департментот дека Помпео изјавил за една радио станица.

Помпео изјавил дека САД проценуваат како да одговорат на тоа, пренесува „Ројтерс“.

„Ќе се погрижиме да го сториме нашиот дел од работата за да сториме сè што можеме за да го намалиме ризикот вакво нешто да се повтори“, рече Помпео.

Навални, кој е во болница во Берлин, беше префрлен со авион во Германија откако минатиот месец му се слоши на лет во Русија.

Германија тврди дека тој бил отруен од нервниот агенс „новичок“ и дека целта било негово убиство, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен.

„Мислам дека светот созреа и се согласува дека нормалните земји не функционираат вака и ова ќе се покаже скапо за Русите“, предупреди Помпео.

Слични содржини