Понеделник е неработен ден за сите граѓани

од Nikola Popovski

Министрерството за труд и социјална политика соопшти дека празникот 11 Октомври е неработен ден за сите граѓани во Македонија.

-Согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2021 година (понеделник), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

На 11 октомври 1941 година народот во Македонија се крена на востание против фашистичкиот окупатор.

Слични содржини