Попишани околу 1,55 милиони лица, до крајот на пописот остануваат уште три дена

од Берта Китинска

Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности.

Заклучно до вчера попишани се вкупно 1 540 301 лице, 479.806 домаќинства и 670.988 станови.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 197 033 граѓани од дијаспората.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на ОВОЈ линкот.

Слични содржини