Попишани вкупно 1.460.552 лица, граѓаните можат да се попишат и во својата општина

од Берта Китинска

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

-Денеска е 21-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности.Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември, соопштија од Државниот завод за статистика.

Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) им понуди на граѓаните да отидат на одредени локации во нивните општини и како што велат „да ја завршат својата граѓанска и законска должност“.

Tоа се однесува на оние граѓани кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

Списокот со седишта каде може да се попишат е достапен на следниот ЛИНК.

Слични содржини