Пописот е во прекин поради помали технички предизвици

од Nikola Popovski

Денеска пописот е во прекин поради помали технички предизвици, објави денеска Државниот завод за статистика.

– Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават за процесот да продолжи со несмален интензитет, информираат од ДЗС.

Вкупно 199.313 лица, 57.470 домаќинства и 65.222 станови се попишани во првите четири дена од пописот.

Можноста за самопопишување на лица во странство, до вчера во во 07:30 часот, ја искористиле – 192.095 лица.

Пописот ќе трае до 30 септември, а првите податоци се очекуваат на почетокот на следната година.

Попишувачите вчера не излегоа на терен поради државниот празник.

Слични содржини