Пописот ќе се спроведе, гаранција се строгите протокол, велат од Влада

од Берта Китинска

Сите активности се одвиваат во насока на тоа дека Пописот 2021 ќе се спроведе. Гаранција дека нема да има потреба од одлагање е строгиот протокол, кој што се запазува, како и соодветната обука на попишувачите и пописните тимови, вели портпарот на Владата Душко Арсовски.

На денешната прес-конференција тој посочи дека сите одлуки, Владата ги донесеува врз основа на став на Комисијата за заразни болести, кој се разгледува на главниот Координативен кризен штаб, од каде заклучоците одат на седница на Влада.

– Апсолитно ќе се следат препораките на Комисијата за заразни болести, како и за многу други случаи во однос на безбедносни ризици. Во овој момент сите сили се насочени кон тоа да се почитуваат протоколите и да се реализира пописот, изјави Арсовски.

Слични содржини