Попладнево е пронајдено лицето кое се фрли во Вардар

од Radmila Tasevska

Попладнево е пронајдено лице, за кое се верува дека е истото кое се фрли во водите на Вардар од мостот „Близнак“ на булевар Србија.

Согласно дојавата од граѓани на 112 во Центарот за управување со кризи и координација со МВР и со Брза помош.

Телото е лоцирано на околу два километри низводно од истоимениот мост.

Истото е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.

Слични содржини