ПОПЛАВА ВО ГРЦИЈА: Наставници и ученици заробени во училиштата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Дождот што паѓаше континуирано од саботата, ги претвори улиците во предградијата на Александрополис во многубројни потоци и предизвика бројни проблеми во тој град во североисточна Грција.

Поплавите предизвикаа големи проблеми во некои грчки општини.

Градските власти соопштија дека поради поплавените улици, наставници и ученици се заробени во зградите на основните и средните училишта, но дека не се во опасност.

Сериозно е загрозена и општината Соуфли, каде што се оштетени куќи и деловни простории, додека ситуацијата е под контрола во општините Дидимотикос и Орестијада.

Фото: Катимерини

Слични содржини