Попович: Премногу сме богати, деген си ако не дадеш на сиромашните

од desk2
53 прегледи

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович ја воодушеви светската јавност, откако изјави дека на секој човек кој има многу пари, има должност да им помогне на оние кои немаат. Еден од најдобрите кошаркарски тренери на сите времиња е познат по тоа што тој учествува во хуманитарни акции.

Со Спарс секоја година учествува во акцијата „Шампионите против гладот“, во која се собираат пари за сиромашните и гладните. Попович никогаш не бил некој голем оратор, но овојпат во неколку збора ја даде вистинската порака.

„Болно сме богати и нас сите тие пари не ни се потребни. Има луѓе на кои им е потребна помош. Деген си ако не помогнеш и не им дадеш на сиромашните. Тоа е толку едноставна работа“, рече Попович, кој годишно заработува по 11 милиони долари по сезона.