Поповска: Не е важно само да се прогласи определена состојба, туку да се постапува совесно и одговорно за да се надмине истата

од Ивана Рамаданова

Новонастанатата состојба предизвикана од коранавирусот, е причината поради која Македонија се наоѓа пред вонредна состојба. На денешната пресконфренеција, шефот на државата Оливер Спасовски побара да се прогласи вонредна состојба.

Доц. д-р Весна Поповска смета дека е добро да се оди на прогласување на вонредна состојба од страна  на Претседателот на државата, а актот ќе му се достави на новиот собраниски состав кога и да се формира.

“Вонредната состојба ја дефинира уставот, а кризната законот за управување со кризи и законот за заштита и спасување. За жал, и двата закони не се доволно прецизни и има преклопување на ингеренции и недоречености, за што одамна беше потребна системска законска реформа, бидејќи системот е бирактрозиран и тешко функционален. Според мене, во оваа ситуација од правен  аспект подобро  е да се оди на прогласување на вонредна состојба од страна  на Претседателот на државата, а актот ќе му се достави на новиот собраниски состав кога и да се формира. Во тој период владата ќе може да донесува уредби со законска сила и полесно да ги операционализира активностите“, вели Поповса.

Таа смета не е важно само да се прогласи определена состојба како таква, туку да се постапува совесно и одговорно за да се надмине истата, односно во случајов поважен од прашањето, е одговорот и умешноста на кризниот менаџмент.

И.Р.

 

Слични содржини