Поради не носење лична заштита казнети се 475 граѓани

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 5763 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 475 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 694 контроли во објекти при што евидентирани се 5 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 392 лица им се издадени решенија на изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин спроведени се 142 лица.

Слични содржини