Поради недостаток на машиновозачи, во прекин железничка линија

од Берта Китинска

Lинијата Скопје – Табановце – Скопје е во прекин, информираат од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

– Линијата Скопје – Табановце е во прекин од 23.06.2022 година поради недостаток на машиновозачи. Правиме напори линијата Скопје – Табановце – Скопје да се нормализира во август 2022 година, веалт ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

Слични содржини