Поради немири Rockgroup Yu Tu го откажа планираниот концерт во Сент Луис

од Vladimir Zorba

 

Ирската рок група Ју Ту го откажа планираниот за вечерва концерт во американскиот град Сент Луис, во државата Мисури, 10 часа пред започнувањето .

Причина за одлуката се  немирите кои избја вчера , откако локален бел поранешен полицаец, беше ослободен од судот за убиство на црнец осомничен во 2011 година, пренесе ТАСС.
“Не можеме да ја  ризикуваме безбедноста на своите приврзаници. Жалам за оваа одлука, но сметаме дека тоа е единствено правилно”, се вели во соопштението на сајтот на групата. Се забележува и дека урбаната полиција ги  известила музичарите дека не може да ја гарантира безбедноста на концертот. Купени билети ќе бидат вратени во целост.
Полицијата од Сент Луис соопшти дека десет полицајци беа повредени во вчерашните протести во кои учествуваа стотици луѓе. Неколку десетици луѓе се уапсени.

Слични содржини