Поради штрајк на грчките цариници, денеска затворена границата со Грција

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.

Како што соопштија од МВР, на Граничниот премин Богородица прекинот ќе биде од 6:00 часот утре до 6:00 часот на 20 октомври, а на ГП Меџитлија од 6:30 часот на утре до 6:30 часот на 20 октомври.

На Граничниот премин Стар Дојран прекинот во сообраќајот на границата ќе биде утре од 5:00 до 23:00 часот.