Гламурозната руска мисица, чиј брак со поранешниот крал на Малезија се распадна кога беше во четвртиот месец од бременоста, дознала дека сопругот се разведува од неа преку интернет.

Оксана Војеводина вели дека не се ни видела, ниту разговарала со својот поранешен сопруг Мухамед Петти, откако ја оставил во декември.
https://www.instagram.com/p/ByQRRR2CKvL/?utm_source=ig_embed
Бидејќи сега многумина се сомневаат дека малиот Леон е негово дете, таа е подготвена да направи ДНК тест.
https://www.instagram.com/p/ByrlX-nC7F9/?utm_source=ig_embed
Поранешната мис Москва апелира директно до својот отуѓен сопруг да почне да му биде татко на Леон.
„Имате син и татко сте. И без разлика на тоа што се случи со нашиот брак, сакам мојот син да има два родитела. Само размислете за својот син”, му порачува таа.
Оскана се омажи за 49-годишниот султан на тајна исламска церемонија во малезиската држава Келантан на 7-ми јуни минатата година. Нивната летна венчавка беше проследена со блескав прием во Москва, а по неколку недели бракот се распадна.
“Кога замина во декември, повеќе не се врати. Така дознав за разводот преку интернет. Не знам што точно се случи бидејќи се беше во ред, го очекувавме нашето прво бебе, а дури и сега не ја знам вистинската причина зошто тоа го направи”, објасни Оскана.
https://www.instagram.com/p/B0Mohx-CBNh/?utm_source=ig_embed
Во Малезија нивниот брак не бил добро прифатен, иако Оксана преминала во ислам. Кога руските медиуми објавија дека Оксана пет години пред средбата со Фарис учествувала во реално шоу, состојбата дополнително се влошила, посебно кога се појавила снимка на која таа со друг маж била интимна во базен.
Во јануари оваа година султанот абдицира од престолот како 15-ти крал на земјата, станувајќи прв монарх во историјата на нацијата кој го направил тоа. Но, Оскана негира дека таа е причината за неговата мистериозна абдикција.
https://www.youtube.com/watch?v=r-5OAzdcaws
Засега Оскана живее во изнајмен стан во Москва и вози скап автомобил, свадбен подарок од султанот, додека “работи на тоа да се издржува себеси и бебето”.
Вели дека сака да основа свој ЈуТјуб канал на кој ќе зборува за родителството.
https://www.instagram.com/p/ByQR0ZqiPsh/?utm_source=ig_embed