Порака од Грција: „Ве очекуваме во рајот ослободен од ковид“

од Stefanija Kuzmanovska

Додека во Италија северот и југот се расправаат околу имунизацијата на малите острови и евентуалниот поран почеток на туристичката сезона, бидејќи тоа би значело „привилегија во однос на другите туристички дестинации“, од Грција доаѓа потврда дека од 14 мај на 69 острови со помалку од 5.000 жители, каде сите ќе бидат имунизирани, може да се летува во целосна безбедност, а Италијанците не чекаат, туку резервираат места.

Владата на премиерот Кирјакос Мицотакис одлучи да ги вакцинира и на тој начин да ги имунизира сите жители на малите острови со помалку од 5.000 жители, без оглед на возраста, до крајот на април и да ја отвори туристичката сезона на 14 мај. За земја како Грција, каде една четвртина од населението е вработено во туризам, оваа можност, во отчукувањето на времето за европските соседи, е рај „ослободен од ковид“ и многу важен за економијата на земјата и поддршка за оние на кои им треба приход во овие тешки времиња.

Министерот за туризам Харис Теокарис за италијанските медиуми изјави дека „не станува збор за маркетинг туку за логистика, владата одлучи да вакцинира некои острови кои се тешко достапни до националниот санитарен систем, италијанските граѓани треба да знаат дека сме подготвени да ги примиме ова лето во целосна безбедност“.

Резервациите веќе пристигнуваат, сведочат на островите, старите туристи се враќаат, а и нови пристигнуваат затоа што Италијанците претставуваат 40 проценти од туристите на грчките острови. Резервации пристигнуваат и од американски туристи кои никогаш порано не ги посетиле грчките острови. Островјаните знаат дека нивниот живот зависи од туризмот и сезоната се отвора со целосно подготвени објекти на 14 мај: Секој што е вакциниран или има негативен тест, може да пристигне во тој рај.

 

Слични содржини